Македонија 29. март 2020. / 11:18

Јанушев и порача на власта: Берете ум, полоши времиња доаѓаат и за државата и за народот

Јанушев и порача на власта: Берете ум,  полоши времиња доаѓаат и за државата и за народот

Денес, пред СДСМ да направи copy-paste на нивните последни 1.000 соопштенија со ист лажен наратив дека претседателот Мицкоски го слуша Груевски, а во исто време дека државата блескајќи оди со големи чекори напред, ќе ги советувам да му купат огледало на Заев и сигурен сум дека во него ќе го види најлошото издание на режимот за кој толку многу зборуваат, а силно го применуваат, напиша на „Фејсбук“ Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Додека се занимаваат со, како што вели, сопствената суета и ароганција, отфрлајќи ја подадената рака за помош од ВМРО-ДПМНЕ, државата тоне. Од омразата и личните фрустрации, како и од стравот да не бидат засенети, ја офрлаат сета помош, а на државата повеќе од кога било и е потребна.

ВМРО-ДПМНЕ вчера даде конкретен предлог како владата да стигне до 1.2 милијарди евра кои се потребни на стопанството. Првиот начин е преку благајнички записи кои ќе се дадат како државни записи преку министерството за финансии, и вториот начин е да се искористат парите од приватните пензиски фондови за покривање на буџетската дупка. Овие две операции ќе донесат 1 милијарда и 200 милиони евра, потенцира Јанушев.

Тој додава дека власта одбива помош и  објаснува дека се работи за фрустрација и ароганција, порачувајќи: Берете ум, затоа што уште полоши времиња доаѓаат и за државата и за народот. Тоа што и за вас ќе биде уште полошо, е сосема небитно, ќе разберете еден ден, ама ќе е предоцна.