Македонија 13. јуни 2020. / 15:15

Јанушев: Графички приказ на неспособноста на власта да се справи со корона вирусот

Јанушев: Графички приказ на неспособноста на власта да се справи со корона вирусот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев истакнува дека е евидентно оти бројот на заболени расте, сè повеќе од ден на ден.

Јанушев додава дека наместо ситуацијата да спласнува, се случува спротивното.

Ова подолу е графички приказ на неспособноста на власта да се справи со корона вирусот. Не ги слушаа предлозите на опозицијата, доцнеа со мерките или донесоа сосема спротивни, погрешија на многу полиња и резултатот е овој. Бараат избори, иако се свесни дека ќе изгубат – порачува Јанушев.