Македонија 12. март 2020. / 21:02

Јанушев до Николовски: Испеана плоча сте и заминувате во историјата, прифатетете го тоа

Јанушев до Николовски: Испеана плоча сте и заминувате во историјата, прифатетете го тоа

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и носител на изборната единица три, гостуваше на емисијата „Топ Тема“ во дебата со генералниот секретар СДСМ, Љупчо Николовски.  Говорејќи за актуелните состојби во државата Јанушев посочи дека ќе одговараат сите од СДСМ за сторениот криминал.

– Николовски имате кривична пријава, вие сте во моментов обвинет со кривична пријава, не јас. И престанете да лажете. Престанете да манипулирате и ќе одговарате еден ден за ова. Ќе одговарате за се што имате направено и вие и Заев за се што имате направено. Испеана плоча сте и заминувате во историјата, прифатетете го тоа. Ова ви е борба само за опстанок и сте свесни колку ќе изгубите не само во тројка туку во цела Република Македонија, рече Јанушев.

Власта на СДСМ Јанушев ја окарактеризира како демагози кои што три години немаат направено ништо.

-СДСМ се само демагози ќе излезат ќе кажат, ова ќе правиме, она ќе правиме, вака така, еве ги информираме граѓаните, на дело ништо нема затоа ја имаме оваа ситуација денеска. Да си ја сфатеа работата сериозно и да земеа барем една работа овие три години да направат како што треба, ова денес немаше да се случува денеска, вели Јанушев.