Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот на партијата – проф. д-р Христијан Мицкоски одлучи да го водам Републичкиот Изборен Штаб. Ова за мене е пред се чест, но и голема обврска која јас ја прифаќам, а ја прифаќам затоа што мотивот е голем, најголем досега. Треба да ја вратиме државата на народот и да ја извадиме од бездната во која секој ден се подлабоко ја ставаат нашата земја, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на Фејсбук.
Имаме луѓе на власт без чест и морал, а во ВМРО уште од Даме и Гоце до денес, честа и името се најсвети. И оваа задача ја прифатив не затоа што ќе е лесно, туку затоа што мораме да победиме и да го поразиме Заев, а само така ќе победи Македонија. Влегуваме во референдум за Македонија и ретко кога како овој 12-ти април е време кога треба да се биде гласен.
Ако чувствуваш болка поради сменетето име, ако ти направија неправди, ако пробаа да те излажат, ако мислат дека може да те поседуваат, тогаш секој од вас знае што е одговорот. И знам дека ќе ја добиеме оваа битка, сите заедно, рамо до рамо, сложно, давајќи го последниот атом за нашата Македонија. И 12-ти април за власта ќе биде крајот, но за Македонија ќе биде почетокот, почетокот на Обновата за Република Македонија!, пишува Јанушев.