Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев преку видео порака им се обрати на македонските граѓани за време на викенд изолацијата во која се наоѓа државата. Вели борбата со корона вирусот ќе беше изгубена доколку ги немаше, како што рече „хероите на нашето време“, лекарите, медицинските сестри, болничарите кои својот живот го ставаат во ризик за да спасат друг.
Порача дека во битката со корона вирусот не се потребни партиски препукувања туку взаемно помагање, но за да се помогне, вели тој, треба да ги признаеме недостатоците на нашиот систем. Нотира дека медицинскиот персонал се соочува со недостаток на заштитна опрема, а лекарите и медицинските сестри немаат скафандери и во ек на пандемија со заразна болест се движат како во нормални услови …
-Република Македонија има ограничен капацитет на лекари и медицински персонал. Не смееме да дозволиме да продолжи трендот на заболени лекари. Не смееме да се доведеме во ситуација да нема кој да не лечи, рече Јанушев.
Доколку продолжи растотот на заразени помеѓу докторите, додава тој, ќе се доведе во прашање целиот здравствен систем и неговото нормално функционирање. Вели дека од партијата бараат оддвојување на фонд од 10 милиони евра кој ќе биде наменет за набавка на заштитна опрема.
-Државата да склучи договори со домашните текстилни фабрики кои се соочуваат се откажување на договори за работа … и преку нив да се обезбедат 100.000 скафандери, 100.000 визири и 1.000.000 заштитни маски … но, и да се направи интервентен увоз на 1.000.000 ракавици. На овој начин ќе се помогне домашната текстилна индустрија, која ќе може да исплати плати, а за лекарите и медицинскиот персонал ќе се обезбеди заштитна опрема по врвен квалитет, потенцира Јанушев.