Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска утрово дојде на рочиштето за „Титаник” во Основниот суд Скопје 1 и на влегување во судската зграда кусо изјави дека ги почитува мерките на претпазливот определени од судот и дека нема потреба од определување на друга мерка.
„За мене има определено мерки од страна на судот, ги почитувам истите и сметам декаа нема потреба од преиначување на ваквата одлука на судот и определување на други мерки“.
На поранешната министерка Јанкулоска, која е неправосилно осудена за случајот „Тенк“ и обвинета во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, судот ѝ определи мерка забрана за напуштање на живеалиште и престојувалиште, односно Скопје, одземен ѝ е пасошот и треба еднаш неделно да се јавува кај судските служби.
„Ни на крај памет не ми паднало да заминам каде било. Ќе продолжам да доаѓам на судските рочишта“, изјави вчера Јанкулоска.