Македонија 19. септември 2020. / 10:29

Јанкулоска: Дома сум и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам

Јанкулоска: Дома сум и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам

Информацијата дека ексминистерката Гордана Јанкулоска избегала вчеравечер беше објавена на повеќе портали и фејсбук страни.

На социјалните мрежи се огласи и ексминистерката.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша утрово Јанкулоска.

Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак Апелациониот суд и ја намали казната на четири години.