Македонија 23. јули 2019. / 13:11

Јанева за „Рекет“: Боки 13 го користеше моето име за да рекетира бизнисмени

Јанева за „Рекет“: Боки 13 го користеше моето име за да рекетира бизнисмени

Специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, денеска конечно се одлучи да даде изјава.

Јанева кажа дека не ја злоупотребила нејзината службена должност, ниту свесно, ниту несвесно.

Таа кажа дека никогаш не криела дека нејзиниот син работел во телевизијата на Бојан Јовановски-Боки 13 и комуницирал со него.

– Ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност за евентуално да остварува одредени привилегии или да презема незаконите дествија. – рече Јанева.

Боки 13 го користел познанството на Катица Јанева за да рекетира бизнисмени.

Нејзиното име и презиме го злоупотребувале и други лица, кажа Јанева.

Таа ги повика органите да го истражат овој случај.

Таа не сакаше да даде изјава за новинарите и откако го исчита напишаниот текст си замина.