Македонија 22. август 2019. / 13:46

Јанева вратена во притвор – и се слошило во капела

Јанева вратена во притвор – и се слошило во капела

На специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева, која од притвор со полициска придружба беше однесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, денеска повторно и` се слошило.

Како што објавуваат некои медиуми, на Јанева ѝ се слошило во капелата на градските гробишта во Гевгелија.

Таа не ѝ се придружила на погребната поворка и со полициско возило била вратена во притворот во Шутка.