Македонија 21. август 2019. / 13:28

Јанева со полициска придружба беше изнесена од нејзиниот дом и одведена во Кривичен суд

Јанева со полициска придружба беше изнесена од нејзиниот дом и одведена во Кривичен суд

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева со полициска придружба беше изнесена од нејзиниот дом во скопската населба Козле.Информациите се дека Јанева ќе биде однесена кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Претходно Телма објави дека голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева и е во тек нејзино приведување.