На новинарско прашање за тоа што ќе прави СЈО со оглед на тоа што рокот истекува во септември, а се уште не е донесен новито закон за СЈО, Катица Јанева вели дека за многу краоток период ќе биде донесен новиот закон и нивната работа ќе продолжи.
Не очекувам големи проблеми со новиот закон, тука е членот 105. Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа ќе се надмине. Не може да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност, или за било кое прашање порзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски кој многу се занесува во своите изјави, рече Катица Јанева.