Откако специјалната обвинителка Катица Јанева беше вратена во нејзиниот дом, поради тоа што морала да биде присутна додека се врши претрес во нејзиниот дом, најновите информации велат дека полицијата ќе и го земе мебелот, пишува Слободен Печат.
Според ОЈО, Јанева ја злоупотребила службената положба и овластувања и стекнала имотна корист од 298.000 денари, односно околу 5.000 евра.
По завршувањето на претресот се очекува Јанева да биде пренесена во Кривичниот суд каде треба да се донесе одлука за барањето на ОЈО, да и се определи мерка притвор.