Обвинителката Лиле Стефанова го објасни односот што го имала со Катица Јанева, а кој бил крајно затегнат.
Односот особено се влошил непосредно пред таа да си поднесе оставка. Тие немале никаков контакт се до еден ден кога Јанева и се јавила на телефон и имала неколку барања.
– Бараше од мене да не зборувам со медиуми и да не ги коментирам снимките од ‘Ла Верита’ – објасни Стефанова.
Јанева уште и рекла: „да ставиме пепел, што било – било“.