Македонија 27. јануари 2020. / 11:25

Јанева и наредила на Стефанова: Ти Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев

Јанева и наредила на Стефанова: Ти Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев

Обвинителката Лиле Стефанова го опиша разговорот кога Катица Јанева и наложила да му го врати пасошот на Орце Камчев. Стефанова со тоа не се согласувала но Јанева била упорна и се обраќала со лут глас.

Ти Лиле, да му го вратиш пасошот на Камчев. Под хипотека – не под хипотека, да му го вратиш – и рекла Јанева на Стефанова.

Стефанова на тоа не се согласила, но барањето за враќање на пасошот го потпишала заменичката на Јанева, Елизабета Јосифовска.

Оттогаш, Стефанова немала никаков контакт со Јанева, а дека на Камчев му е вратен пасошот видела кога тој се појавил на спортски натпревар.