Македонија 29. ноември 2018. / 11:40

Јанчев бара слобода за Мијалков, Божиновски и Јанакиески

Јанчев бара слобода за Мијалков, Божиновски и Јанакиески

Градоначалникот на Кавадарци и поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев дава лична гаранција дека притворените Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, нема да бегаат од државата, пренесе Дојче Веле.

– Не се мешам во судски постапки. Лично се залагам за транспарентност во однос на притворите и на судските процеси, без политичко мешање. Во случајот со притворот за Сашо Мијалков, но и со притворите за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мое мислење е дека изречена престрога мерка, и тоа само поради бегството на Никола Груевски. Судот можел да размисли и за алтернативна мерка, можеби за домашен притвор. Тоа се видни членови на партијата, некои од нив основачи, некои долгогодишни членови, но пред сѐ, тие се семејни луѓе. Јас, како Митко Јанчев, давам моја цврста и лична гаранција, со целиот личен и професионален интегритет и кариера, дека тие луѓе никаде нема да бегаат. – гарантира Јанчев.

Инаку Јанчев, кој во октомври беше разрешен од функцијата партиски потпретседател, заедно со исклучениот од партијата, Никола Тодоров, а на покана на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, минатиот викенд имале средба во Струмица. На оваа средба Јанечв изразил поддршка за Заев во борбата против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.