Македонија 21. февруари 2019. / 20:43

Јанакиески вратен во Шутка: Директорот на затворот ги обвини претепаните!

Јанакиески вратен во Шутка: Директорот на затворот ги обвини претепаните!

Директорот на затворот Шутка, Ѓоко Котевски на прес конференција која ја одржа пред затворот кажа дека денеска имало два инциденти во затворот кои биле испровоцирани од притворените Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.

Првиот инцидент се случил околу 13 часот кога за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето Спиро Ристоски кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

-Во шеталиштата има по еден затворски чувар. Не поминуваат повеќе од две минути од  моментот на пријавување на инцидентот до реакција од чуварите. Брзо се реагира, но сепак ние  започнавме постапка и ако има пропусти во протоколите, чуварите ќе бидат санкционирани, рече Котевски.

На местото на инцидентот има и видео камери, а веќе се земени изјави на сите кои биле присутни во дворот на затворот кога се случиле инцидентите.

На прашање од новинарите како ги коментира изјавите на сопругите на притворените, директорот напомена дека не се точни наводите дека Јанакиевски и Ристовски биле заедно и дека најпрво бил нападнат едниот, па другиот како што тврдеа тие.

-Едното од лицата (н.з Миле Јанакиевски) и претходно три недели беше во затворот и немаше никаков инцидент. Има и други лица со звучни имиња и досега немало никаков инцидент, рече Котевски.

Спиро Ристовски бил прегледан од домскиот лекар и не побарал да оди во болница. Миле Јанакиевски се жалел на повреди на главата и бил пренесен во болницата „8 септември“.

Кај Јанакиески како што изјавија од болницата наводно не се пронајдени никакви телесни повреди.

Миле Јанакиевски веќе е вратен во затворот во Шутка.

Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски се притворени по барање на Обвинителството за организиран криминал за организирање на упадот во  Собранието од 27 април. Тие добија 30 дена притвор.

Полицијата го спречи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да го посети Јанакиески и да види дали е сериозно повреден.