Македонија 22. февруари 2019. / 19:59

Јанакиески пуштен во домашен притвор

Јанакиески пуштен во домашен притвор

Миле Јанакиески е пуштен во домашен притвор.

Жалбата на М.Ј. се уважува, па мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор во траење од 30. дена, стои во соопштението од Судот.

За разлика од него, поранешниот министер за труд и социјала Спиро Ристовски останува во притвор во Шутка.

– Жалбата на С.Р. се одбива како неоснована, стои во соопштението на Судот.

Вчера се појави информацијата дека двајцата биле нападнати во затворот, а од болница се огласија дека кај Миле енмало видливи и тешки повреди.