Македонија 09. јули 2019. / 21:52

Јанакиески поради силна бубрежна болка завршил во болница

Јанакиески поради силна бубрежна болка завршил во болница

Со силна бубрежна болка Миле Јанакиески од затворот во Шутка бил однесен во ГОБ 8ми септември.

Директорот на билницата за Сител потврди дека Јанакиески околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите. Му направиле ехо преглед, лаботаториски анализи и снимање на рендген, а бил прегледан и од уролог.

Лекарите му дале терапија и останал во болницата до смирување на болката, по што затворската полиција го вратила назад во затворот во Шутка.