Македонија 10. јули 2019. / 10:29

Јанакиески од болница, повторно е вратен во затворот во Шуто Оризари

Јанакиески од болница, повторно е вратен во затворот во Шуто Оризари

Миле Јанакиески е вратен во затворот во Шуто Оризари, откако вчера беше однесен во болницата „8 Септември“ во Скопје.Тој се жалел на болки во бубрезите, а во болницата му биле направени прегледи. Дежурниот лекар му препишал терапија.

Директорот на билницата вчера за Сител потврди дека Јанакиески околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите. Му направиле ехо преглед, лаботаториски анализи и снимање на рендген, а бил прегледан и од уролог. Ексминистерот веќе неколку дена штрајкува со глад во затворот.