Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов пред судот објави дека неговиот клиент бил прислушуван цели две години.
Тоа се случило во периодот од 2013 до 2015 година. Тој уште рече кога веќе снимките ги има во аудио материјалите на поранeшното СЈО треба да се види дали постои разговор помеѓу лицето Томислав Лазаров и Јанакиески.
Ако постои таков разговор да се прибави во судницата за да има еднаквост во оружјата.
Одбраната побара пак да се преслуша од Судот затоа што дал различни изјави.