Кривична пријава за „бесправно градење“ против поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски поднесе Управата за финансиска полиција.
Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот С.Ј. дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектноско-урбанистичка документација, соопшти Управата за финансиска полиција.
Тој за Сител изјави дека не се грижи и со тенкови да дојдат по него.
Стевчо Јакимовски по кривичната пријава за него изјави дека и со тенкови да дојдат СДСМ по него, тој не се грижи, и дека ќе си прави ајвар на референдумот, впорчем како и цел народ.