Пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски е позитивен на Ковид-19, информираше сообраниската прес-служба.
„Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на ковид-19. Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските“, се вели во соопштението.
Јахоски беше примен во болница синоќа со висока температура.
Според протоколот, епидемиолозите сега треба да направат епидемиолошки анкети на неговите контакти за да се одлучи дали би имало и евентуални препораки за изолација на пратеници.
Од резултатите од епидемилошките анкети ќе се знае дали некој ќе оди во изолација и како Собранието ќе продолжи со работа.