На 12 ноември, под наслов “Ова се луѓето кои бришат содржини од Facebook во Македонија!”, Во нашиот медиум беше објавен тимот на Метаморфозис, невладина организација која е одговорна за проверка на факти на фејсбук.
Во текстот немаше инсинуации и немаше никаков негативен речник за овие лица, ниту пак критика на нивната работа и начинот на кој работат.
Сепак, при нашата работа се случуваат грешки кога недоволно се проверуваат информациите. Имено, во текстот е наведено дека Калин Марковиќ е дел од овој тим, што е погрешна информација.
По контактот со Марковиќ, тој не информираше дека од март годинава нема никаков ангажман во Метаморфозис, а во моментот кога тој бил агажиран овој сервис на фејсбук не ни постоеше.
Нашите новинари, како што е наведено и во самиот текст, тимот на Метаморфозис го преземале од официјалната страница на оваа организација а таму стоеше и името на Марковиќ, што веднаш имплицира дека тој е дел од тимот. Така грешката на Метаморфозис, кои не го отстраниле Марковиќ од нивниот сјат, стана и наша грешка.
Сепак, должност на новинарот е да ја провери информацијата од повеќе извори. Затоа, редакцијата на Лидер му се извинува на Калин Марковиќ и ќе го отстрани неговото име од листата на факт-чекери на Метаморфозис.