По проверка и интервенција на главниот уредник на медиумот, lider.com.mk ја повлекува веста која отвора прашања во однос на украдената марихуана во Јосифово и им се извинува на споменатите.
Во текстот кој беше објавен претпладнево, стои инсинуација во прашална форма во која се имплицира можна поврзаност на господинот Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев, со овој кривичен настан.
По проверка од страна на главниот уредник, констатирано е дека се работи за непотврдена информација која била објавена од дежурниот новинар.
Оваа вест не ги исполнува основните новинарски стандарди.
Со оваа објава можно е да се предизвика штета на угледот на споменатите, без докази и токму затоа одговорниот уредник одлучи да ја повлече од нашиот портал.
Во исто време, му се извинуваме на господинот Трајче Заев за несканата ситуација, која се случи поради новинарска негрижа и неконсултирање на главниот уредник.
Во наредниот период, компанијата Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје, издавач на lider.com.mk, ќе поведе дисциплинска постапка кон новинарот кој овозможил оваа вест да биде објавена на нашиот сајт.
Љупчо Златев, главен и одговоренуредник на lider.com.mk.