Дебатата за извештаите за напредокот на четирите балкански земји кон ЕУ ќе се одржи на мини-пленарната сесија на Европскиот парламент на 25 март, соопшти Брисел.
Ќе се презентираат извештаи за напредокот на Албанија, Косово, Северна Македонија и Србија, како и заедничка дебата за сите четири документи.
Сите четири земји се соочуваат со слични проблеми поврзани со владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и други области клучни за европските интеграции, додека Србија и Косово имаат специфичен проблем на нерешени односи, што е клучна пречка за побрз пристап во ЕУ.
Последната дебата за извештајот за Црна Гора ќе се одржи во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент на 13 април, по што договорениот текст со амандмани ќе биде проследен до Европскиот парламент за дискусија и усвојување, додека дебатата и усвојувањето на извештајот за Босна и Херцеговина ќе биде закажана подоцна.