Одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено, заради тоа што персоналот бил во контакт со пациент, кај кого се развиле симптоми, и сега дефинитивно е дијагностициран коронавирусот. Не се сите вработени во висок ризик, но сите десет вработени ќе бидат во домашна изолација, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Значи крвоснабдувањето во Охрид не е загрозено во ниту еден случај, потенцираше Филипче.
Завршија испитувањата и во болницата во Кавадарци, ниту еден од персоналот, докторите, медицинските сестри, техничкиот персонал и пациентите на Одделот на психијатрија немаат позитивен на коронаворусот, за дел од нив ова е дефинитивен ресултат, а за останатите за кои е потребно повеќе време, ќе се тестираат диполнително. Одделението е затворено, завршена е целосна дезинфекција, останатиот дел од болницата работи нормално – рече Филипче.