Македонија 15. јули 2020. / 20:09

Излезноста до 19 часот е 45,77 проценти

Излезноста до 19 часот е 45,77 проценти

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти, објави Државната изборна комисија.

Обработени се податоци од 3.463 гласачки места.

Најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 35,49 проценти.

Во Втората изборна единица излезноста е 43,04 проценти, во Третата 51,52 и во Петтата 44,89 проценти.

За првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот.