Македонија 21. април 2019. / 17:05

Излезеноста во Крива Паланка до 15 часот е 47,2%

Излезеноста во Крива Паланка до 15 часот е 47,2%

Излезноста во Општина Крива Паланка на првиот круг од Претседателските избори до 15 часот е 47,2 отсто, а своето избирачко право го искористиле вкупно 8.000 граѓани.

Излезноста е 47,2 отсто, изборниот ден протекува мирно без никакви попречување и проблеми, изјави Душко Арсовски, претседател на општинската изборна комисија во Крива Паланка.

Вкупно 16.982 граѓани од општината имаат право на глас и истото можат да го остварат на 47 избирачки места.

Во Ранковце до 15 часот гласале 42 отсто од вкупниот број гласачи.