Македонија 18. декември 2018. / 18:22

Изгласан Законот за амнестија

Изгласан Законот за амнестија

Со 95 гласа За, без против и воздржани, Собранието го донесе Законот за амнестија.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Панчо Минов, непосредно пред гласањето соопштија дека се приклучуваат кон предлагачите на овој закон.

Предлог Законот за амнестија за случувањата на 27 април по скратена постапка беше единствена точка на седницата која беше закажана попладнево.

Предлогот го поднесоа група од над 20 пратеници откако беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законсото решение.