Со опонирањето на предлогот Артан Груби да биде прв вицепремиер, а Бујар Османи да биде вицепремиер зa европски прашања – Иџет Меџити се наметнува како најсериозен политичар во ДУИ и кандидат за наследник на Али Ахмети.
Извори на Лидер брифираат дека Груби и Османи воопшто не се популарни во ограноците на ДУИ во Чаир и Сарај и дека токму Меџити ги обединува двете крила.
Ова го прави Меџити да биде најсериозен кандидат за наследник на Али Ахмети кој е веќе во години и се очекува да ја напушти лидерската позиција во ДУИ, особено ако се знае дека токму тој и донесе на партијата 30.000 гласови во првата изборна единица.
Инаку, како што дознаваме од извори блиски до Сашо Мијалков, денеска Артан Груби бил кај него за да проба да обезбеди поддршка за предлог владата од наводни пратеници кои се под контрола на Мијалков. Груби ова го барал затоа што му е јасно дека од 3 до 6 пратеници нема да гласаат за оваа влада.
Сепак се чини дека овој обид е залуден, затоа што Мијалков не контролирал ниту еден од пратениците во актуелниот состав на ВМРО-ДПМНЕ.