Македонија 29. ноември 2020. / 17:49

Избрани новите тела на Социјалдемократската младина на Македонија

Избрани новите тела на Социјалдемократската младина на Македонија

На првата Седница на Централниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), која се одржа денеска, беа избрани новите тела и органи на младината со мандат од две години.

За Генерален секретар е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош, за потпретседатели се избрани: Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Марија Иванова – ЛК Струмица, Ана Манасиева – ЛК Делчево, Александар Саша Димитријевиќ – ЛК Гази Баба.

Нови членови на ИО на СДММ се Марко Спирковски – ЛК Прилеп, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Иво Спасевски – ЛК Охрид, Блажена Пејовска – ЛК Кичево, Давид Вељковиќ – ЛК Куманово, Jулија Малахова Геровска – ЛК Центар, Дарко Димовски – ЛК Штип, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Јана Ханџиска – ЛК Бутел, Орданчо Данев – ЛК Кавадарци, Евгенија Јанакиевска – ЛК Кисела Вода, Велимир Арсов – ЛК Велес, Магдалена Пенова – ЛК Валандово, Роберт Николоски – ЛК Гостивар и Далила Чекиќ – ЛК Ѓорче Петров.

Денеска се одржа и првата седница на ИО на СДММ, во просториите на партијата, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19.

На оваа седница учествуваа многу политичари од СДСМ, меѓу кои и претседателот на партијата, Зоран Заев.