Како предлагач на престојниот референдум Собранието на Република Македонија нема да определи свои претставници да ја следат работата на изборните органи на референдумот.
За оваа одлука претседателот Талат Џафери го известил претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Парламентарното Координативно тело за референдумот утврдило дека не постои соодветен систем на селекција на потребниот број претставници притоа имајќи предвид дека веќе има акредитирано голем број меѓународни и домашни набљудувачи. Воедно Координативното тело смета дека изборните органи (80-те општински изборни комисии и избирачките одбори во РМ и странство) професионално ќе ги исполнат своите надлежности во врска со претстојниот референдум, со оглед на тоа што изборните органи се составени од лица вработени во администрацијата, а Собранието на Република Македонија има целосна доверба во нив.