Муслиманите да излезат масовно и да го искористат своето граѓанско право да гласаат за повеќе права, апелира ИВЗ.
Исламската верска заедница испрати апел до муслиманските гласачи да излезат масовно и да гласаат во вториот круг од претседателските избори.
–Во неделата, 5 мај, муслиманските верници треба да излезат масовно и да го искористат своето граѓанско право да гласаат за повеќе права, правна и демократска држава, за верски и национални права за сите народи што живеат во Северна Македонија, за членство во НАТО и за ЕУ, се вели во соопштението на ИВЗ.