На денешната прес конференција, првиот човек на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска смета дека пратениците не можат да бидат носители на уште една функција во Собранието, пренесува Фокус.
-Како е можно пратениците истовремено да се и министри. Ако е така, тогаш тие не треба да бидат дел од листите за пратеници. Ако може да бидат дел од пратеничката листа, тогаш треба да се изрегулира кога ќе престане министерскиот мандат. И не треба да примаат две плати, вели Ивановска.