Македонија 11. февруари 2021. / 11:13

Иванов: Шпекулации беа дека на 27 април сум сакал да прогласам воена состојба

Иванов: Шпекулации беа дека на 27 април сум сакал да прогласам воена состојба

Денеска за настаните од 27 април сведочеше поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Тој истакна дека движењето „За заедничка Македонија” го поддржувал јавно и оти жестоки биле реакциите во јавноста по објавувањето на тиранската платформа и по изјавите на некои политичари од регионот дека Македонија не треба да постои.

Беше прашан и за прогласување воена состојба и тој рече дека тоа е небулоза.

Тоа го покрена еден неделник една недела пред 27 април. Тоа беа шпекулации и небулоза. Воена состојба прогласува Собранието со две третинско мнозинство. Доколку Собранието не може да се состане тоа може да го направи претседателот но тоа мора да биде потврдено од Парламентот. Ова е школски пример за создавање на воена психоза, рече Иванов.