Македонија 05. јануари 2021. / 20:19

Историјата не е опфатена со предметот „Општествени науки“ во нацрт-планот за основно образование

Историјата не е опфатена со предметот „Општествени науки“ во нацрт-планот за основно образование

Министерката за образование Мила Царовска се демантираше себеси дека Историјата нема да се укине како предмет, обвинувајќи ја опозицијата и медиумите дека шират лажни вести.

Но, на веб-страната за новиот нацрт наставен план за основно образование, предметот Историја го нема. Единствено во една реченица е објаснето дека историјата му припаѓа на предметот општествени науки.

Едната група ја сочинуваат задолжителните предмети Македонски/Албански/Турски/ Спски/ Босански јазик, Математика, Природни науки, Општествени науки и Англиски јазик.

Предметот општествени науки опфаќа науки што традиционално припаѓаат на историјата, општествената географија, граѓанско образование, религиите, етиката итн.

Оттука е легитимно прашањето, кој ги шири лажните вести? Телевизија „Алфа“ постави прашања и до Министерството за образование и наука, дали со новиот нацрт план сепак се укинува предметот Историја. Од таму до последните телевизиски вести одговор не добиле.