Македонија 21. март 2020. / 09:00

Истечените лични документи ќе важат до завршување на вонредната состојба

Истечените лични документи ќе важат до завршување на вонредната состојба

Владата на 24-тата седница донесе одлуки важноста на патните исправи, личните карти и возачките дозволи, чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба.

Истовремено, Владата донесе одлука сите процесни дејствија за спроведување на обуките за возач во авто школите и за спроведување на возачкиот испит, како и роковите на важење на документите што согласно закон се утврдени за спроведување на обуките, односно испитите, да се прекинат, односно да се суспендираат за време на траење на вонредната состојба.