Македонија 24. март 2020. / 15:44

Исполнет капацитетот во првиот државен карантин во хотелот Ибис, на располагање се става вториот

Исполнет капацитетот во првиот државен карантин во хотелот Ибис, на располагање се става вториот

Исполнети капацитетите со лица заразени од корона вирус сместени во адаптираниот центар за изолација во хотелот „Ибис Стајл“. Моментално таму се наоѓаат 64 лица, дел од првата група на лица за кои беше одредена изолација во времетраење од 14 дена, согласно препораките на Министерството за здравство.

-Од денеска целосно на располагање се става и вториот хотел „Ибис“, каде се очекува да пристигнат осум лица, соопштија од „Аџибадем Систина“.

Лицата кои се сместени во хотелите се под 24-часовен надзор на вработени од медицинскиот сектор, безбедносниот сектор и друг помошен персонал, со комплетна безбедносна опрема и стручна обученост, со цел да се одговори на сите нивни потреби.

Нивната здравствена состојба се следи секојдневно од медицински персонал од Институтот за јавно здравје. Во случај на појава на симптоми или влошување на состојбата, лицата, според предвидените безбедносни протоколи, ќе бидат пренесени до локациите кои Министерство за здравство ќе ги определи за згрижување и третман на симптоматските лица.

-Со вакво секојдневно темпо на прифаќање лица на кои им е определена изолација од страна на Министерството за здравство, понудените капацитети од страна на „Орка Холдинг“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кои на раполагање ставија 214 кревети во двата хотели целосно ќе бидат исполнети, стои во соопштението.