24 денови нема ни трага ни глас од провладиното перо „број 1“, Сашо Орданоски.
Познатиот коментатор и пропагандист исчезна од јавноста кога во медиуимите одекнаа фрапантните податоци кои ги изнесе адвокатот Александар Тортевски, кој обелoдени дека братот на Орданоски добил 350.000 евра од Фондот за иновации за фалсификат производ.
Орданоски упорно нема никаков коментар ниту за случајот „Рекет“, во кој газдата на медиумот во кој работи, „1ТВ“ е осомничен за рекетирање на бизнисмени.
Орданоски веќе не се појавува ни на 1ТВ, а последната колумна за „Цивил“ ја објави на 28 јуни.
Во неа тој најавува валкана есен, но и повлекување од медиумите.
– Од септември натаму, македонската политика ќе стане уште повалкана и од она на што вообичаено, со висок праг на толеранција и цинизам, се навикнавме. – пишува Орданоски во последната колумна за „Цивил“.
Тој во истата пишува дека се повлекува до септември.
– Одморот, фала на прашање, мислам дека го заслуживме. Довидување во септември! – пишува на крајот од колумната.
Инаку не се знае дали Орданоски е дел од аферата „Рекет“.