Македонија 02. октомври 2018. / 17:33

Интервју со Људмил Спасов: Гласањето не е математика, навалица секогаш има во последните часови

Интервју со Људмил Спасов: Гласањето не е математика, навалица секогаш има во последните часови

Професорот Људмил Спасов од СДСМ во интервју за Економски Лидер вели дека секогаш ќе постои сомнеж за гласањето на референдумот. Но, како што вели, тоа што се гласало за 17 секунди по гласач во Албанските избирачки места, не значи дека се случил фалсификат.

Според ДИК на неколку избирачки места во Скопје и Западна Македонија во последниот час од гласањето рапидно пораснал бројот на гласачи, или граѓаните гласале на интервали од 14 до 46 секунди. На пример во Студеничани за 90 минути гласале 314 граѓани или на секој 17 секунди влегувало по едно ливче во кутијата. Како е тоа физички изводливо, кога претходи процедура на идентификација, УВ ламба, спреј, гласање. Постои ли смонеж за полнење на гласачките кутии?

Јас не се согласувам со тоа, тоа не е математика, има повеќе пултови за гласање, секогаш на крајот од гласањето се создава гужвата. Постои сомнеж за се, но и одговорност за се, во случајов избирачките одбори ја имаат одговорноста но тоа треба да се докаже. Постои кривичен законик, според кој треба сите да се држиме и секоја манипулација е кривично дело, но доколку имало прекршување, тоа треба пред се да се докаже.

Дали физички е изводливо гласање со ваква брзина?

Нема што да мислам, тоа треба да се докаже дека тоа така било, не е тоа математика.

Симптоматично е и тоа што масовното гласање е евидентирано во средини со доминантно албанско население. Имаше ли обиди да се лажира референдумскоит цензус и дали албанското население е полесно за манипулација?

Точно е дека има манипулација повеќе кај албанците, но сепак овде постои политичка манипулација, да се докаже дека албанците гласале вака или така. Сепак јас да обвинувам на тој начин на една заедница како народ е апсурд. За мене е манипулација дека некој е виновен затоа што рефередумот е успешен, затоа што 90% гласале ЗА. Гласањето мора да биде според законот и се надвор од него е кривично дело, но тоа треба да се докаже. А ако манипулирам да даокажам дека референдумот не е успешен поради ред причини затоа што гласале албанците или србите или бошњаците, тоа за мене е кривично дело или омраза.

Референдумот не го исплни цензусот, но на крајот сите славеа. Како вие го оценувате?

За мене ова е успешен референдум. Над 90% глсаа ЗА. Успешен е затоа што гласаа 600 000, ова е огромна бројка. Но, сепак мислам дека треба да се прочисти избирачкот список. Да се среди и утврди дали навистина МАкедонија има милион и 800 000 гласачи. Да судам дека референдумот е неуспешен затоа што немало 900 000 гласачи тоа е АПСУРД. Референдумот е консултативен, кога имате јасно искажан став и поддршка на 90% од граѓаните, треба да ја почитувате.