Македонија 19. декември 2018. / 19:02

Интервју на „Лидер“ со Стојанче Ангелов: Кога можеа да се аменестираат припадници на ОНА, зошто да не може и учесници од „27 април“?

Интервју на „Лидер“ со Стојанче Ангелов: Кога можеа да се аменестираат припадници на ОНА, зошто да не може и учесници од „27 април“?

Претседателот на Достоинство, генерал Стојанче Ангелов во интервју за „Економски Лидер“ зборува за актуелните случувања на политичката сцена.

Ангелов смета дека со амнестијата ќе се спасат оние кои не биле свесни за однапред конструираниот упад во Собранието на „27 април“. Тој вели дека помирувањето за овие настани претставува хуман чин.

Ангелов прави споредба на аменстијата на припадниците на ОНА, со учесниците во настаните на „27 април“. За него едните се осудени воени злосторници, а другите луѓе понесени од атмосферата. Тој го поставува прашањето зошто кога воени злосторници биле помилувани, да не може да се помилуваат и учесниците на „27 април“.

Амнестија или помилување. Подадена рака по цена да се прикрие вистината. Што ќе се добие со ваков закон за амнестија. Поткуп на гласови или правда?

– Со овој закон ќе се ослободат од гонење и кривична одговорност лицата кои не биле свесни дека се работи за однапред подготвен план за упад во Собранието и кои случајно, потикнати од вештачки создадената патриотска еуфорија, влетале во Собранието или учествувале во овој настан на друг начин, наседнувајки на подготвениот план.

По што се разликууваа оваа власт од претходната? И двете имаат контроверзни закони за амнестија или помилување. Едните ги помилуваа Хашките случаи, другите токмат закон за амнестија со кои неколкумина нема да бидат судени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата?

– Верувам дека и покрај контраверзите во јавноста се работи за хуман чин, чин на простување на луѓе кај кои одговорноста постои, но е на пониско ниво бидејки биле доведени во заблуда дека ја бранат татковината и воопшто не биле свесни дека се работи за однапред, добро испланиран агресивен чин со кој требало да се неутрализира најтесното раководство на опозицијата и да се задржи и зацврсти власта на дотогашната владејачка гарнитура која не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање на нова Влада.

Дали според вас треба воопшто да има помилување за настаните од 27 април?

– Невкусно е споредувањето на автентичното толкување на Законот за амнестија на ОНА со кој се ослободија обвинети за воени злосторства со амнестијата на лица кои понесени од атмосферата извршиле кривични дела во Собранието. Убиството и изживувањето врз цивили никако не може да се спореди со насилството во Собранието, кое исто така не го оправдувам.

Дали во овој случај е подобро да има колективно помилување?

– Ставот на Достоинство беше најотворен јасен, ние од местото на заседата кај село Вејце, припомнувајки си дека на слобода се лица кои најверојатно извршиле воени злосторства, побаравме да започне процес на општествена дебата во која ќе се разгледа можноста за амнестија на сите обвинети за 27 април. Кога можеа да бидат амнестирани обвинети за воени злосроства зошто не би се амнестирале обвинетите за настаните од 27 април. Подоцна, будно следејки ја општествената дебата и реакциите на јавноста ретериравме со нашиот став, останувајки на ставот за делумна амнестија, односно амнестија на сите кои не биле инспиратори, организатори или извршители на однапред испланираниот напад на Собранието.

Дали Македонија плаќа превисока цена за сметкa на реализација на Преспанскиот Договор?

– Мене не ми изгледа дека Македонија плаќа превисока цена за поминување на уставните измени од Преспанскиот договор, бидејки, со предложениот закон за aмнестија се амнестираат само луѓето кои наседнале на однапред подготвениот план, без разлика дали тие биле обични граѓани или пратениции.