Македонија 23. февруари 2021. / 09:21

Интерпол се вклучува во потрага по Сашо Мијалков

Интерпол се вклучува во потрага по Сашо Мијалков

Во потрагата се вклучува и Интерпол откако вчера попладне MВР објави меѓународна потерница. Засега, полициската станица во Кисела Вода е центарот на истрага за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

На информативен разговор повикани се членовите на семејството на Мијалков, меѓу кои неговиот брат и синовите, како и припадниците на неговото обезбедување.

Од МВР, за Канал 5, велат дека се направени претреси во повеќе автомобили, земена е документација, мобилни телефони и лап топ компјутери, но засега од полицијата не откриваат дали имаат трага каде би можел да се наоаѓа Мијалков.