Македонија 22. октомври 2018. / 12:31

Интерпол по грешка лишил од слобода македонски државјанин

Интерпол по грешка лишил од слобода македонски државјанин

Мусли Халити од Доброште бил погрешно уапсен и лишен од слобода од страна на Интерпол кога го преминувал граничниот премин Ќафасан, дознава Алсат.

Од Интерпол му рекле дека се апси за „проституција и киднапирање“, но неговиот идентитет бил украден од 44-годишниот Џеладин Ќулиа кој е во бегство.

Интерпол Рома, по комуникацијата со полициските власти во Албанија, потврди дека ниту сликата ниту трагите од прстите не се совпаѓаат со лицето кого го бара Интерпол, по што тој треба да биде ослободен од притворот во Корча.по комплетирањето на документацијата и добиената потврдата.