Собранието не ја прифати интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски. Од вкупно 79 пратеници, кои гласаа вечерва, 59 беа против интерпелацијата, додека 30 беа за.
Во текот на денот се водеше жестока дебата меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Собранието во рамки на продолжението на 86-та седница денеска расправаше по однос на интерпелацијата на министерот Спасовски, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија”.
Вечерва опозицијата во текот на расправата лично го прозва министерот Спасовски за, како што велат зголемениот број грабежи, убиства и скандали. Владејачкото мнозинство, пак, интерпелацијата ја оценија за неоснована, паушална и во функција на спречување на напредокот на државата.