Македонија 12. септември 2019. / 18:05

Инспекторот Илиевски се жали на мобинг од власта поради скандалот кој го откри со функционери од ДУИ

Инспекторот Илиевски се жали на мобинг од власта поради скандалот кој го откри со функционери од ДУИ

Просветникот инспектор Ѓорги Илиевски тврди дека покрај деградирањето на реботното место сега е жртва на секојдневен мобинг од неговите надредени а сето тоа е поради скандалот кој го откри во јавноста со незаконско унапредување во наставно-научни звања на тројцата функционери од ДУИ, Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули, пишува Телма.

Илиевски обвинува дека се соочува со сериозни опструкции во работењето бидејќи му се одземаат предмети и не му се даваат работни задачи. Тој е разочаран што надлежните институции не постапиле по неговите преставки и дел од вината ја лоцира кај премиерот Заев и министерот Оливер Спасовски.

Од друга страна пак министерот за образование Арбер Адеми пак тврди дека нема ништо со деградирањето на Илиевски но и дека надлежните институции извршиле проверка и не ги потврдиле тврдењата на просветниот инспектор за противзаконско унапредување.

Инспекторот Илиевски денеска беше примен во германсксата амбасада каде ги бирифирал за случајот со функционерите од ДУИ и за состојбата во образованието. Тој најави и дека ќе бара прием и во Амбасадата на САД.