Македонија 09. август 2018. / 16:28

Иницијативата #Бојкотирам со специјално упатство за дијаспората

Иницијативата #Бојкотирам со специјално упатство за дијаспората

Интернет движењето #бојкотирај објави посебно упатство за дијаспората. За разлика од гласачите во Македонија од кои се бара на 30 септември да не излезат на референдум, од дијаспората се бара уште еден чекор.

Да се пријават за гласање и да го зголемат цензусот.

За разлика од гласачите во Македонија од кои се бара на 30 септември да не излезат на референдум од дијаспората се бара…

Gepostet von Дневна доза Бојкотирам am Donnerstag, 9. August 2018

“Искористи ја шансата. Биди дел од борбата. Растури им ја играта на властољубците. Ова е и твоја борба, наметни твои правила. ПРИЈАВИ СЕ ВО ИЗБИРАЧКИ СПИСОК. Дигни го цензусот. Чекај го денот. Дома, со пријателите, на ајваријада. #Бојкотирам креативност на твој начин”, пишува во прогласот на движењето до дијаспората.

Со зголемување на регистрираните гласачи во дијаспората се крева и вкупниот број гласачи за остварен цензус.

Доколку на сегашните 1 милион 813 илјади гласачи во Македонија за кои цензусот е околу 910 илјади гласови, се додадат уште околу 60 илјади гласачи од дијаспората кои редовно се регистрираат тогаш цензусот може да скокне на 940 илјади.

Тоа може да биде пресудно дури и опозицијата да повика на гласање на референдумот.