Македонија 11. January 2019. / 19:15

IN MEMORIAM: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (08.09.1991 – 11.01.2019)

IN MEMORIAM: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (08.09.1991 – 11.01.2019)

Со 81 глас „ЗА“ од пратениците на коалицијата на СДСМ, заедно со пратениците на ДУИ, БЕСА, Алијансата на Албанците и 8 одметнати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието го смени уставот на државата која до пред малку се викаше Република Македонија.

Република Македонија прогласи независност на 08.09.1991 а својата политичка смрт ја доживува денес, на 11.01.2019.

Покрај промената на името, беа изгласани и измени на националноста на граѓаните кои од сега ќе бидат „Македонец / граѓанин на Република Северна Македонија“. Во исто време, со промените на уставот Македонскиот народ се откажа од својата дијаспора која живее надвор од границите на државата.

Избегнуваме да пишуваме за тоа дека 8-те одметнати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ биле уцениети, за на историјата да и биде кристално јасно дека тие се само ПРЕДАВНИЦИ! Во исто време, ПРЕДАВНИЦИ се и сите останати припадници на македонската нација од СДСМ и нејзините коалициони партнери – кои гласаа за уставни измени. ПРЕДАВНИЦИТЕ се предводени од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешшни работи Никола Димитров, кој го потпиша договорот од Преспа.

Во овој момент Република Македонија е укината и настапува Република Северна Македонија, ни останува само да се надеваме, дека еден ден некои идни генерации кои ќе бидат достојни да живеат за она за што умреле наште претци – ќе ја исправат оваа историска неправда.

ВЕЧНА СЛАВА НА ПОКОЈНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (08.09.1991 – 11.01.2019)!

Редакција „Економски Лидер“

Главен уредник,

Љупчо Златев