Македонија 06. јуни 2020. / 14:42

Илјазова: Костадинов си ја вработил девојката во 1ТВ, Америт Скопје па во ТАВ без ниту еден ден прекин во вработувањето

Илјазова: Костадинов си ја вработил девојката во 1ТВ, Америт Скопје па во ТАВ без ниту еден ден прекин во вработувањето

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ треба да одговори за неговото влијание при вработувањето Марија Десанова, напиша Цветанка Илјазова на „Фејсбук“.

Таа објаснува дека Марија Десанова му е долгогодишна девојка а со која живее во вонбрачна заедница, во заеднички стан во Џеваир скај сити, за кој наведува дека умислено го купиле на име на Марија.

Имено, Костадинов и должи одговор на Македонската јавност дали е точно дека неговата девојка била ангажирана во 1тв кај Боки 13 од самото отварање на телевизијата, односно некаде околу месец април 2018 година? Дали е точно, дека за да не се открие поврзаноста на Костадинов со Мегународен сојуз и Боки, таа на 07.07.2018 година експресно е вработена во Америт Скопје, каде работи до 30.06.2019 година? Понатаму, дали е точно дека без ниту еден ден прекин на вработувањето истата на 01.07.2019 година е вработена во ТАВ Македонија каде работи до ден денес? Од кои причини?, прашува Илјазова.

Таа потсетува дека е веке познато дека во 2018 година Костадинов ја вработи својата мајка Фанија Костадинова во Централен регистар, која поради притисок од јавноста си поднесе оставка а истовремено во Општа болница Струмица ја вработи и неговата тетка Александра Костова (сестра на мајка му) каде работи до денес.