Македонија 29. јули 2019. / 22:46

Иљази за А1он: Усеини ме тепаше и ми се закани дека ќе ме убие

Иљази за А1он: Усеини ме тепаше и ми се закани дека ќе ме убие

Професорот Илјаз Илјази за „А1он“ изјави дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди.

Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда. До инцидентот дошло откако Илјази како претседател на куќен совет пријавил во „Водовод“ дека имаат проблем со водата, а екипи утврдиле дека некој на диво се приклучил на нивната мрежа.

Професорот Илјази вели дека Усеини не разговарал со него, туку веднаш физички се пресметал.

Повеќе може да прочитате на „А1он“