Македонија 23. август 2018. / 10:52

Илинденското востание е бугарско! Бугарите спремаат анекс на Договорот за добрососедство

Илинденското востание е бугарско! Бугарите спремаат анекс на Договорот за добрососедство
Заев и Борисов на потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Скопје / 1 авг. 2017

Откако бугарскиот претседател Румен Радев побара анекс на договорот помеѓу Македонија и Бугарија синоќа бугарските политички партии кои се дел од владејачката гарнитура, ВМРО-Бугарското национално движење и Атака и официјално потврдија дека веќе е подготвен анекс на Договорот за пријателство, пренесува EUSCOOP.

Двете политички партии бараат Македонија да престане со присвојување и погрешно претставување на бугарската историја.

Лидерот на Атака, Волен Сидеров, ја објави информацијата вечерва и изјави дека веќе ги подготвил условите на анексот. Тој вели дека договорот за пријателство дозволува таква промена.

Сидеров ги сумираше неговите барања:

„Во принцип, во анексот се наведува дека Македонија треба да се воздржи од присвојување на историски настани и личности: владетели од Првата бугарска империја од цар Крум до цар Владислав, сите историски личности се поврзани со борбата за национално ослободување и така натаму, сите историски настани поврзани со таа ера. Накратко, сакаме една гаранција од македонската држава да престане со своите невнимателни активности кои се однесуваат на нашата историја и да предизвикаат вознемиреност “.

Од партијата ВМРО-Бугарското национално движење, бараат да не се меша со ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат:

„Нашите предци никогаш не направиле разлика меѓу Македонија и Бугарија. Тоа се два збора за истото!“

Од ВМРО-БНД велат, го разбираат премиерот на земјата, Зоран Заев дека е во деликатна позиција со претстојниот референдум, но исто така, потсетуваат дека Бугарија ќе го има последниот збор за Македонија да влезе во Европска Унија. Додаваат и дека Македонија станала позната по бизарните и неточни историски тврдења во врска со историјата на Бугарија и дека за повеќето Бугари, земјата и македонското население се етнички, културно и историски бугарски.